
СДС ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 22 Април 2025

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС продолжува да работи контра македонскиот народ.
Наместо, како што велат да го стават прстот на чело и да се запрашаат зошто имаат низок рејтинг, тие продолжуваат да им се додворуваат на Бугарите.
„34 години без престан, работат во корист за другите, а не за македонскиот народ и држава.
Лажеа за знамето, за името, за Уставот, за ЕУ и за што уште не. На СДС во нивната матрица им е лагата.
Денес, повторно пред јавноста, иако министерот за надворешни на Бугарија изјави Македонија да не очекува уставните измени да се последен чекор од интеграцијата во ЕУ, СДС како партија за пропаганда, продолжуваат слепо да си веруваат сами на себе, дека уште уставни измени и ете сме во ЕУ“.
Како што додаваат од владејачката партија, на СДС не му е до достоинството, на СДС важни им се тендерите, сплетките, криминалите, омаловажувањата, буквално се што не треба.
„Затоа имаат рејтинг рамен на статистичка грешка, затоа немаа доверба од народот и затоа не сме сите исти.
СДС се синоним за неспособност, криминал и предавства“, велат од партијата на Мицкоски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
