
„Заслужуваме одговори“: семејствата на жртвите од пожарот во Кочани утре на протетстен марш во главниот град
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Април 2025

Семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кочани за утре, 29 април, најавија протестен „Марш за ангелите“ во Скопје.
„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се, за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.
Во повикот е нагласено дека тие и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.
Маршот, според најавите, ќе започне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
