Универзитетското собрание го поддржува протестниот „Марш за ангелите“ за трагедијата во Кочани

 

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

 

Според најавата, протестот ќе почне пред Обвинителството во Скопје во 12.05 часот – време што симболично ја означува задоцнетата реакција – и ќе продолжи кон градскиот плоштад, а потоа пред Собранието.

 

„Како Универзитетското студентско собрание на УКИМ сметаме дека е наша обврска, пред сè, како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние што претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда. Го поддржуваме барањето за јасни одговори и за итно преземање одговорност од страна на институциите“, велат од Студентското собрание на УКИМ.

 

Ги повикуваат сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.