Синди Крaфорд му испрати емотивна роденденска порака на својот сопруг: „Те сакам, љубов моја“

 Американскиот бизнисмен и сопруг на Синди Крaфорд, Ренди Гербер, го прослави својот 63-ти роденден, а неговата сопруга по тој повод му испрати честитка преку социјалните мрежи.

 

 

Синди објави фотографија од Ренди на својот Инстаграм профил заедно со емотивна порака. „Среќен роденден на човекот чие внимание кон деталите го прави животот подобар за сите околу него. Без разлика дали станува збор за составување совршена плејлиста за секоја пригода или откривање на нешто ново, кул пред било кој друг. Она што најмногу го сакам кај него е неговата посветеност на нашето семејство и чувството за забава. Те сакам, љубов“, напиша Синди во описот на објавата.

 

Нејзината честитка ги допре срцата на многу следбеници кои ѝ се придружија во испраќањето желби за најдобро. Синди и Ренди ја прославија својата 26-годишнина од бракот и 29 години врска минатата година. Освен што се познати како еден од најдолготрајните славни парови, интересна е и приказната за нивната прва средба.

 

Синди и Ренди се запознале на свадбата на нејзиниот тогашен агент, и како што самите рекоа, на почетокот биле само пријатели бидејќи во тоа време биле во други врски. Синди во тоа време сè уште беше во брак со Ричард Гир, додека Ренди исто така беше зафатен. Нивното пријателство прерасна во љубов во 1995 година, кога Синди официјално го заврши бракот со Гир и одлучи да ѝ даде шанса на врската со Ренди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.