(Видео) Во угостителски објект во Прилеп фрлена бомба, СДСМ бара разрешување на началникот и на командирот

Вчеравечер во угостителски објект во нашиот град беше фрлена бомба која, за среќа, не експлодирала. Точно 16 месеци одговорноста за безбедноста во државата е во рацете на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски, изјави Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

„Во тој период во дневните полициски билтени беа регистрирани два инцидента со експлозивни направи, триесетина запалени автомобили, еден опожарен ноќен клуб и недефиниран број на оружени пресметки и насилства во угостителските објекти и градските улици. Прилеп наликува на Дивиот Запад од неговите најславни времиња“, рече таа.

 

Според неа, официјалните бројки на регистрирани инциденти само го потврдуваат фактот дека власта на ДПМНЕ го направи Прилеп опасно и небезбедно место за живеење.

 

„Граѓаните се оправдано загрижени за личната безбедност и безбедноста на своите најблиски. Како одговорна политичка партија, СДСМ уште еднаш алармира за сериозноста на проблемот кој и локалната и централната власт упорно го игнорираат. Во таа насока е и нашиот апел до министерот Тошковски, но и до Советот на општина Прилеп: разрешувањето на началникот на ОВР Прилеп, Марјан Станоески и командирот на Полициската станица од општа надлежност, Горан Колонџоски, ќе биде првиот чекор во создавањето услови за нормализирање на безбедносната состојба’, изјави Лукароска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.