
Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Мај 2025

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката на досегашниот министер Арбен Тараври, вели дека доколку му понудат би ја прифатил функцијата.
„Да, ако ми понудат ќе прифатам, но со соодветна замена во Фондот за здравствено осигурување“, рече директорот Клековски на денешниот брифинг со новинарите, прв по оставката на Таравари.
Клековски беше назначен за директор на Фондот за здравствено осигурување лани на почетокот на јули. Вели дека таму се чувствува продуктивно, но отворен е за соработка во зависност од потребите.
„Владата има претседател кој ја составува. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот за здравственоосигурување каде што има многу работа. Ќе бидам отворен за работа во зависност од потребите, но пак ќе кажам дека во Фондот има многу што да се работи така да за какви било рокади треба да се понудат соодветни решенија за Фондот“, рече директорот Клековски.
Минатата недела по оставката на Таравари, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ кажа дека сите позиции кои во Владата ги имаше Алтернатива за Албанците ќе останат во „Вреди“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
