
Сончево и топло со мала облачност, максималната температура до 33 степени
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Јуни 2025

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Кон крајот на седмицата ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
