
Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Јуни 2025

Во моментот имаме два огласи кој што ги има објавено Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно- истражувачки проекти и апликации, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски посочи дека двојно е зголемен буџетот за наука и научна дејност.
„Ги повикувам колегите од универзитетите да поднесат барање, тоа е многу важно. Но, истовремено сакаме да кажам дека вкупниот фонд за наука е зголемен од мислам дека некаде околу 5,5 милиони евра во 2024 година, на 670, 680 милиони денари, речиси двојно во 2025 година. Тоа не е доволно, се разбира“, истакна тој.
„Како човек кој доаѓа од науката, кој што доаѓа од УКИМ, не е доволно, треба уште, но мислам дека е подобро од тоа што беше во минатото. И се надевам во годините коишто следат ќе имаме уште повеќе да понудиме за науката бидејќи науката е двигател на развојот на една држава.“, вели Мицкоски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
