Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, против кого имаше обвинение за набавката на луксузното службено возило „ауди“ А6 од 67.000 евра и уште три други автомобили.

 

Судот не утврдил дека Мерко го прекршил законот при набавката на службените возила.

 

Мерко беше обвинет за злоупотреба на службента положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, во време кога општината имала долгови и блокирана жиро сметка.

 

Обвинението беше поднесено лани во март, а судскиот процес почна во април.

 

САД го ставија струшкиот градоначалник на таканаречената црна листа, со што го означија како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави поради негова вмешаност во значителна корупција.

 

Против Мерко има девет обвиненија за несовесно работење, за бесправно градење, како и за фалсификување исправа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.