Борисов: Иднината на Северна Македонија е во ЕУ, да не ја пропуштаат оваа шанса
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Септември 2019
Секогаш сме истакнувале дека Северна Македонија може да смета на нас за ЕУ, но никогаш не сме кажале дека безусловно го поддржуваме нејзиниот прием. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и тие не треба да си играат со таа шанса.
Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по консултативната средба кај претседателот Румен Радев на која присуствуваа и вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.
-Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината, рече Борисов.
Софија, додаде бугарскиот премиер, сака заедно со Северна Македонија преговорите да ги почне и Албанија.
Каракачанов, пак, по средбата, како и пред неколку дена, кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс