Филипче: Од следната година сите специјалисти ќе земаат нето плата од 100 илјади денари

Министерот за здравство, Венко Филипче, на собраниската седница посветена на пратенички прашања истакна дека и досега постоела соработката за детската кардиохирургија при спојот на експертизите од јавното и приватното здравство.

 

„Флуктуации во тимот секаде во светот постојат. И двете приватни болници имаа важечки договори да изведуваат детски кардиохируршки операции. Таму се изведуваа и досега. Не е тоа никаков новитет“, потенцираше Филипче и додаде дека во приватните болници се плаќа само услугата, исто како што се плаќа и на државната клиника, но не се плаќаат трошоците.

 

Министерот кажа дека со инвестицијата во платите и дежурствата, има доктори коишто и сега земаат нето-плата од 100 илјади денари, а во овој момент се работи на обезбедување буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година.

 

Од собраниската говорница, Филипче изјави дека со големиот број  вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10%.

 

„Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму каде што навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси“, истакна министерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.