Заразени со коронавирус има најмногу во Скопје, Куманово и Кочани

Во моментов активни се 2.585 случаи на коронавирус во земјата, откако вчера беа потврдени рекордни 243 новозаразени за едно деноноќие.

Од активните случаи, најмногу се регистрирани во Скопје (891), Куманово (186) и Кочани (183). Троцифрен број на заразени има и во Струмица (178), Тетово (149) и Прилеп (134). Другите градови имаат помалку од 100 заразени.

Од скопските општини најалармантно е во Аеродром (144), Центар (142), Карпош (129), Кисела Вода (104) и Гази Баба (102).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, бројката на оздравени пациенти е 15.264, на починати е 753.

Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.