Митева: Секој трет тестиран е позитивен, а Филипче и натаму мисли дека е само портпарол

Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Ковид-19. Достигнавме 33% на инфицирани лица од вкупно тестираните, предупреди на денешната прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа обвини и дека Филипче уште мисли дека е портпарол на министерството, а не министер.

„Бројката на починати е двоцифрена, 15 лица за 24 часа. Бројот на починати на еден милион жители кај нас е пет до седум пати поголем од бројот на починати во соседните земји. Ситуацијата е алармантна подолг период наназад. Состојбата може дополнително да се влоши особено заради загадениот воздух, кој во комбинација со Ковид е голема опасност за хронично болните. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до Филипче хронично болните да ги ослободи од работа“, истакна Митева.

Таа го потенцираше и ставот на Караџовски во однос на тоа зошто не се направи поголем простор да се тестираат лицата во приватните клиники.

„Караџовски вели: Министерот ќе ви одговори, сепак е јавно и приватно, политика и бизнис. Точно, благодарам на искреноста дека здравјето го сведовте на политика и бизнис. Жално, срамно и навредувачки е во ваква криза ова да биде нечиј став“, порача претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа повика власта да запре со дневната политика и да направи сериозен кризен тим.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.