Министерство за здравство: Слободни се 180 болнички кревети во ковид-центрите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Декември 2020
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.256 и има колку 180 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Според извештаите, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 15 лица позитивни на коронавирусот.
Oд Министерството за здравство нагласуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс