Мицкоски презентираше детали од договорот за пописот пред претставници од иницијативата „Не отворам врата“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Април 2021
На средба со претставници од иницијативата „Не отворам врата“, денека ги запознав со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот, соопшти на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид-пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани“, се вели во неговата објава.
Како што додава Мицкоски, на средбата била изразена согласнот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс