Димитриевски до Заев: Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Септември 2021
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се огласи по изјавата на премиерот Зоран Заев, за неговото исклучување од партијата. Тој вели дека од денешната изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека ќе бил исклучен од партијата на следната седница на Централниот одбор на партијата докажува дека вчерашниот став на Николовски, дека Димитриевски се самоисклучил од партијата не е вистина и дека тој формално правно е се уште член на СДСМ.
„ Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не се служат со манипулации и инсинуации. Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат? Во едно се сложуваме со господинот Заев. Кумановчани знаат што е најдобро за нив, и сигурен сум дека на 17 октомври тоа јасно ќе го покажат поддржувајќи ја граѓанската иницијатива “За Наше Куманово” со имплементирање на реална демократија во пракса“ вели Димитриевски во реакцијата.
Заев претходно изјави дека оној што ќе тргне против СДСМ не може да биде член на партијата, за најавеното исклучување на сегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, откога тој се одлучи за независна кандидатура на претстојните локални избори.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс