Наутро магловито, попладне променливо облачно
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Декември 2021
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала, а попладне со зголемена облачност. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 13 степени.
До вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе започнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе настапи стабилизирање на времето.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс