Митева: Ковачевски да не ги држи во тајност одговорите за пакетот 5+1 кои се доставени до Бугарија

Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу ѝ ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот.

Иако на излезот од неговата кариера реши да замине со обвинувања кон неговите довчерашни соработници тој по ништо не се разликува од Заев и Османи. Димитров заедно со Османи ќе останат запаметени како најнеспособните шефови на македонската дипломатија. Тие се пријатели по функција, непријатели кога таа не ги спојува, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

 

 

„Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции?

Додека СДСМ звучи какофонично и дава различни изјави во однос на спорот со Бугарија, Османи континуирано се раководи од предлозите на другите земји членки и секој добиен предлог нему му се чини како нова шанса за брзо решение без притоа да се заземе јасен став околу најкомплексното прашање за македонскиот идентитет“, рече Митева.

Таа додаде дека на состанокот во Бугарија, на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија се донесе јасен и конкретен став, додека во Македонија се држат во тајност одговорите за пакетот 5 + 1 кои се доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига уште пред два месеца.

Ковачевски е должен да ѝ одговори на јавноста кои одговори се дадени и истите детално да ги образложи пред целата македонска јавност, порача Митева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.