Османи: Лага е дека имало предлог за моја смена и тоа не заслужува никаков коментар
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 26 Септември 2022
За министерот Бујар Османи информацијата дека имало предлог за негова смена за да се смират партиските страсти по реакциите на неколку функционери е лажна вест која не заслужува да ја коментира.
– Лага е дека имало предлог за моја смена и тоа не заслужува никаков коментар посебно кога настапувам како министер. Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ ќе кажам само дека имаме голема внатрепартиска демократија и секој може да си го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети. А со вчерашната изјава на Ахмети оваа приказна е завршена – рече Османи на брифингот во МНР.
Истакнати членови на ДУИ меѓу кои Муса Џафери. Изет Меџити и Блерим Беџети во отворено писмо побараа дебата и го повикаа лидерот Али Ахмети да го искористи својот авторитет и статутарно право да го зачува партиското единство, но без Артан Груби кого го обвинуваат за состојбите во партијата.
Ахмети вчера од Тетово истакна дека ДУИ може да функционира без кој било поединец во партијата, вклучувајќи го и него како лидер затоа што ДУИ е национална инвестиција во која нема место за анархија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс