„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Септември 2022
Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај,Блерим Беџети и чаирскиот огранок преводен од Изет Меџити во партиското седиште во Мала Речица одржаа средба со лидерот на ДУИ. Али Ахмети.
Беџети по средбата на социјалните мрежи објави дека Ахмети му е пријател, но остануваат на ставот за промена во извршната власт.
Со слична објава и Меџити го изрази незадоволството од раководството во ДУИ.
„Заедно со лидерот Ахмети, но цврсти во ставот против извршната власт“, напиша Меџити.
По состанокот, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети истакна дека има меѓучовечки односи кои не се добри, но се работи за поединци, а не за целината. Според Ахмети,извршната власт има други проблеми, органоците и општините други и логично се појавуваат противречности меѓу овие институции. Тој ја отфрли можноста за формирање на нова партија.
Партиските ограноци од Чаир и Сарај пред неколку дена преку писмо се пожалија дека во последниве две години партиските органи не се активни, одлучувањето станало индивидуална сопственост и дека не се веќе добро организирана и структурирана партија. Одговорен за состојбите, според нив, е првиот вицепремиер Артан Груби.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс