Сарај
Во Сарај се гради нова елитна населба
- Детали
- Категорија: Сарај
- Создадено: 22 Јули 2021
Нова елитна населба „Комплекс планет“ почна да се гради во Сарај. Проектот беше промовиран денеска, а освен функционери, на настанот присуствуваа и инвеститорите на проектот - Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани.
Според градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид што се гради.
Тој изрази надеж дека комплексот ќе биде вистински пример за успешен проект, кој може да се реализира преку соработка на приватниот сектор, државните институции и локалните самоуправи.
„Комплексот планет“ е елитна населба, која ќе се простира на површина од 15 хектари, лоцирана помеѓу реките Вардар и Треска, во близина на езерото Треска. Со него се предвидени изградба на елитна населба со вили, паркови, спортски игралишта и центри, градинки, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри и др.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс