По огласувањето на Кејт за болеста, Меган и Хари најавија серија и ги налутија луѓето
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 10 Септември 2024
Кејт Мидлтон, вчера, во попладневните часови објави дека завршила со хемотерапијата, а потегот на Меган Маркл и принцот Хари по ова разлути многумина.
Само неколку часа по објавата на Кејт, „Нетфликс“ објави нов документарен филм за Меган Маркл и принцот Хари. Двојката потпиша договор вреден 100 милиони долари со сервисот за стриминг во 2020 година, а сега се објавени и фотографиите од новата документарна серија наречена POLO.
Како и со документарниот филм „Хари и Меган“, зад серијата POLO стои нивната продуцентска куќа Archewell Production.
„POLO е нова документарна серија, која ги следи елитните светски играчи и нуди ексклузивен поглед зад сцената на брзиот свет на спортот. Од Archewell Productions и Boardwalk Pictures премиерно овој декември само на ‘Нетфликс’“, се вели во официјалното соопштение.
Од коментарите под објавата јасно е дека многумина им забележуваат на парот и на „Нетфликс“ што го објавија ова набргу откако Кејт објави вест за своето здравје.
„Објавете го ова токму кога Кејт објави видео за нејзиното завршување со хемотерапијата. ‘Нетфликс’ е очаен исто како и кралското семејство од Тему“, „Какви се шансите ова да биде објавено веднаш по прекрасното видео на Кејт? Никогаш не се срамите, толку сте предвидливи“, „Одвратно е тоа што го направивте, немате сочувство“, „Дали ‘Арчевел’ инсистира да ја дадете оваа бесмислена објава три месеци порано бидејќи принцезата од Велс ја сподели својата вест порано?“, се некои од коментарите.
Принцезата од Велс објави дека завршила со хемотерапијата.
„Како што летото се приближува кон крајот, не можам да ви кажам колку ми олесна што конечно завршив со хемотерапија. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да ги пребродиме бурните води и непознатата патека“, објави таа на Инстаграм.
Во емотивното видео кое таа го објави се појавува целото семејство. Видеото е направено во Норфолк, каде семејството поминало дел од летото. Во триминутното видео, Кејт си игра со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Во еден момент може да се види како лежи прегрната со принцот Вилијам на ќебе.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс