Ал Пачино: Да се ​​биде татко на 84 години е забавно

Ал Пачино моменлно ги промовира своите мемоари Sonny Boy, именувани по прекарот што му го дала мајка му, во кои се осврнувана својот живот и на кариерата. 84-годишниот актер објасни за Би-би-си дека одлучил делумно да ги напише мемоарите затоа што на 83-годишна возраст станал татко на момче Роман, а благодарение на мемоарите синот еден ден ќе добие можност да научи нешто за својот татко.

 

„Сакам да бидам со ова дете. И се надевам дека ќе бидам. Се надевам дека ќе останам здрав, а тој знае кој му е татко, се разбира“, објасни актерот, кој ја прекина врската со мајката на Роман, филмската продуцентка Нур Алфалах.

 

Пачино објасни дека поголемиот дел од неговата интеракција со 16-месечниот син се одвива преку интернет.

 

„Сè што прави ми е интересно. Затоа разговараме. Свирам хармоника кога сме на видеоповик и создаваме таков вид контакт. Затоа е забавно“, објасни тој.

 

Пачино и Алфалах се запознале кон крајот на 2010 година, а врската ја потврдиле во 2022 година. Во јуни минатата година се роди синот Роман за кој актерот побарал тест за татковство. Не се знае точно кога раскинале, а според медиумскиот претставник на Ал Пачино, тие останале добри пријатели и заедно одгледуваат син.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.