Израелската војска дозволи 50 камиони со хуманитарна помош да влезат на северот на Газа

Израелската војска соопшти дека дозволила влез на 50 камиони со хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа, по предупредувањето на Соединетите Американски Држави да ја зголеми помошта на палестинската територија или ризикува да го загрози снабдувањето со американско оружје.

 

КОГАТ, одделение на министерството за одбрана на Израел задолжено за цивилните работи во Газа, наведе дека помошта е испорачана врз основа на инструкцијата на министерот за одбрана Јоав Галант и на „политичкиот ешалон“, пренесе Асошијетед прес.

 

Северна Газа беше првата цел на големата израелска офанзива од воздух и од копно по нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година на југот на Израел, кој ја предизвика војната.

 

Овој дел на Газа претрпе тешко разурнување и израелската војска го опколува речиси една година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.