Германската министерка: Израел може да гаѓа цивилни цели во Газа доколку Хамас ги злоупотреби

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на говорот во германскиот парламент рече дека Израел има право да гаѓа цивилни цели доколку зад нив се кријат терористи на Хамас.

 

„Самоодбраната не значи само напад на терористите, туку и нивно уништување. Кога терористите на Хамас се кријат зад луѓето, зад училиштата, влегуваме во многу тешки прашања. Но, нема да се двоумиме. Затоа јасно им ставив до знаење на ОН дека цивилните места исто така може да го изгубат својот заштитен статус доколку терористите го злоупотребуваат, тоа е позицијата на Германија и тоа е она што за нас значи безбедноста на Израел“, рече Аналена Баербок.

 

Според светските медиуми, од почетокот на војната во Газа, Израел тврди дека не цели намерно цивили, туку дека Хамас користи болници, засолништа и училишта за да подготви нови терористички акции како онаа на 7 октомври минатата година кога го нападнаа Израел и убија 1.300 луѓе. Сепак, во една година од израелските напади врз Газа, загинаа повеќе од 40 илјади луѓе, главно цивили, жени и деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.