Моника Белучи позира за насловна страница, фановите воодушевени

Моника Белучи (60), италијанска актерка и модел, која ја нарекуваат најубавата жена на светот, позира за насловната страница на кинеското издание на магазинот „Ел“.

 

 

На фотографиите во магазинот Моника позира во тесен фустан, а таа фотографија ги воодушеви нејзините следбеници.

 

„Кралица, икона, убавица“, „Секогаш ќе бидеш мојата омилена Бонд-девојка“, „Сакам да остарам грациозно како неа“, „Секси жена“, „Уметност“, „Најубавата жена на светот“, се само дел од коментарите.

 

На крајот на септември Моника го прослави својот 60-ти роденден. Неодамна во интервју за списанието iO Donna зборуваше за стареењето.

 

 

„Не само што сè уште сум тука, туку уживам во годините и продолжувам да откривам многу работи. Би рекла дека не можете да се борите и да му објавите војна на времето, кое е многу посилно од вас: треба да се согласите, да потпишете примирје и да се надевате дека ќе ве помилува. Би сакала да бидам референтна точка за помладите од мене, како што беа и се моите 80-годишни пријатели за мене“, објасни таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.