Емили Блант му порача на Џон Красински: Титулата најзгоден треба да ја заслужиш и домa
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Ноември 2024
Џон Красински ја сподели урнебесната реакција на сопруга Емили Блант откога магазинот „Пипл“ го прогласи за најсекси маж на светот. Актерот (45) признал дека бил изненаден и збунет поради доделената титула, а неговата сопруга Емили (41) била воодушевена што тој е прогласен за најсекси маж.
Џон вели дека Емили била многу возбудена кога ја слушнала големата вест. Актерката дури и се пошегува пред објавата на „Пипл“ дека ако нејзиниот сопруг ја освои титулата, таа ќе ја излепи куќата со корици од списанија.
По прогласувањето за годинешен победник, Џон изјави за „Пипл“: „Имаше многу радост кога ѝ кажав“. Покрај тоа што зборуваше за титулата, Џон ја пофали и својата сопруга: „Тоа е прекрасната работа да се биде во брак со некого – постојано учиш, се менуваш и се развиваш. И јас сум навистина среќен што поминувам низ сето тоа со неа.
Сепак, тој се пошегува дека новата титула нема да му помогне дома и ќе го натера уште повеќе да ги извршува домашните работи: „Таа ќе рече: „Во ред, сега треба да ја заработиш овде дома“.
Емили и Џон се во брак 14 години и се родители на две ќерки – Хејзел (10) и Вајолет (8).
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс