Ким Кардашјан: Без разлика на помошта што ја имам, на крајот сама одгледувам четири деца

Ким Кардашјан неодамна гостуваше во поткастот на водителката Зои Винклер, во кој се осврна за своето мајчинство и загриженоста за воспитувањето на децата што ги има со Канје Вест. Реалната ѕвезда и раперот се разделија во 2022 година и имаат четири деца, ќерките Норт (11) и Чикаго (6) и синовите Сент (8) и Псалм (5).

 

 Со оглед на тоа што нивните деца не се на иста возраст, Ким откри дека е исцрпена затоа што чувствува оти целиот товар за грижата за децата е на неа и дека понекогаш се чувствува како да е сама во сѐ иако има одличен систем за поддршка.

 

„И јас само мислам дека без разлика каква помош имам, на крајот од денот сама воспитувам четири деца“, рече таа признавајќи дека понекогаш се чувствува како самохрана мајка и сите нејзини деца спијат со неа во креветот и се будат и плачат во текот на ноќта.

 

Ким откри дека не зборува често за тоа затоа што чувствува дека многумина ќе ја осудуваат затоа што има пари да плати дадилки и помош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.