Фановите пишуваат дека мис Венецуела требало да победи: „Ја саботираа на прашањата“

Минатата сабота се одржа финалето на изборот за Мис Универзум во мексиканската престолнина, каде победи 21-годишната Викторија Кјер Теилвиг од Данска.

 

 

Сепак, дел од обожавателите се убедени дека требало да победи Мис Венецуела Илеана Маркез, која важеше за една од фаворитите, а заврши на четвртото место.

 

Имено, фановите зборуваа за спорниот момент кога жирито им поставуваше прашања на девојките. Членот на жирито Маргарет Гардинер и поставила прашање на Илеана за „совршената жена“, но преведувачот наводно погрешно го превел прашањето како прашање за „искуства“, односно „преживеани моменти“.

 

Некои фанови веруваат дека тоа можело да биде одлучувачки фактор за конечната оценка на жирито и дека ја саботирале со неточен превод.

 

„Девојката од почетокот беше меѓу фаворитите. Невозможно е да не победи“, „Се надевам дека ќе и се извините за оваа неправда“, „Очигледно се работи за саботажа“, се дел од коментарите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.