Бен Афлек, по долго време, е виден расположен, бил во друштво на поранешната сопруга

Бен Афлек често се гледа во јавноста мрзлив и нерасположен, но овој пат ги изненади сите свои обожаватели. Имено, тој е фотографиран насмеан и одлично расположен во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер и нивните три деца – Вајолет (18), Серафина (15) и Семјуел (12).

 

По повод Денот на благодарноста, тие заедно се вклучија во хуманитарна акција и волонтираа во Полноќната мисија во Лос Анџелес, служејќи им топли оброци на повеќе од две илјади бездомници. Бен и Џенифер, познати по пријателските односи и по разводот, се снимени како разговараат со насмевки и вредно им помагаат на оние на кои им е потребна. Позираа и заедно, носејќи исти престилки.

 

Инаку, Бен со години учествува во вакви хуманитарни акции. „Моќна работа е да се поврзете со луѓе. Добивам многу од тоа што им давам само малку време на оние на кои им треба“, изјави тој еднаш за People. „Лесно е да ги подигнете рацете и да кажете дека не можете да направите ништо. Но, има луѓе кои сакаат да го подобрат својот живот, кои се борат и на кои им е потребна помош“, додаде тој.

 

Гарнер и Афлек беа во брак од 2005 до 2018 година, а и после тоа останаа во одлични односи поради нивните деца и често беа видени во јавноста заедно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.