Кејт Винслет низ солзи за критиките за нејзиниот изглед: Беше страшно
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 04 Декември 2024
Актерката Кејт Винслет (49) се уште се сеќава како било кога ја критикувале за нејзиниот изглед. Во интервју за емисијата 60 минути, актерката се присети на својата кариера, а во еден момент едвај ги задржа солзите.
Додека зборуваше за нејзината голема улога во Титаник, на Винслет и беше прикажан клип од интервјуто за Е! Вести од доделувањето на наградите „Златен глобус“ во 1998 година. На снимката може да се слушне како водителката коментира дека актерката изгледа „малку растопено“ во фустанот и дека „треба да облече фустан два броја поголем и тогаш би било добро“.
„Тоа е апсолутно одвратно. Каков човек треба да си за да и кажеш такво нешто на млада актерка која само се обидува да си го најде патот“, порача таа.
На прашањето дали некогаш лично се соочила со печатот поради ваквите коментари, Винслет призна дека се соочила. „Им кажав што се случува. Реков: Се надевам дека ова ве прогонува“, се сеќава таа.
„Тоа беше одличен момент“, додаде таа додека повторно се спротивстави на солзите.
„Одличен момент бидејќи не беше само за мене, туку и за сите луѓе кои беа изложени на тоа ниво на вознемирување. Беше страшно. Навистина страшно“, рече таа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс