Џенифер Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Џенифер Анистон зборуваше за својот феноменален изглед, за редовното вежбање и урамнотежена исхрана. Во интервју за списанието „Алур“, Анистон откри дека го следи методот 80/20 кога станува збор за здравјето и фитнесот.

 

„Треба да уживате во животот, без преголеми ограничувања – освен оние поврзани со тешки дроги. Тоа е мојот пристап 80/20. 80 проценти од времето живеам здраво, а преостанатите 20 проценти – уживајте во мартини, јадете пица или хамбургер, останете будни до доцна со пријателите, тоа е рамнотежа“, рече Анистон.

 

Исто така, актерката напоменала дека вежба најмалку четирипати неделно.

 

„Кога работам, понекогаш можам да тренирам само два или трипати, но сепак вежбам, тоа е најважно“, додаде таа. Џенифер истакна дека тренинзите за сила се клучни за жените во 50-тите години.

 

„Ако изгубиме мускули, коските стануваат послаби и може да се појави остеопороза. Ако паднеме, лесно можеме да го скршиме колкот“, вели таа.

 

Покрај тоа што се посветува на физичкото здравје, Анистон еднакво внимание посветува и на менталното здравје.

 

„Мораме да ги сакаме нашите тела. Тие прават најдобро што можат. Тие се со нас од моментот кога сме родени и не можеме да бидеме премногу строги со нив“, рече таа. Актерката додаде дека на почетокот на кариерата имала проблеми со самодовербата, но дека со текот на времето ја сменила перспективата.

 

„Се разбира, сите ќе старееме, но како можеме да напредуваме како што старееме? Важно е на нашите тела да им го посветиме вниманието што го заслужуваат. Лично, јас ги сакав моите 30-ти, но моите 20-ти беа тежок период. Не ја разбирав важноста на вежбањето до моите 30-ти и 40-ти години“, истакна таа.

 

Кога станува збор за нејзиниот пристап кон менталното здравје, Џенифер има едноставно мото: „Сѐ што можете да направите е најдоброто што можете“.

 

Таа откри дека секое утро практикува медитација, а секоја ноќ пред спиење се истегнува. Сепак, таа призна дека имала навистина тешка врска со сонот во последните 10-15 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.