„Единствен, отмен“: свршеничкиот прстен на Зендаја наводно вреди половина милион долари

Сè уште не стивнуваат реакциите на веста за свршувачката на Зендаја и Том Холанд.

 

Познатата дизајнерка на накит, Стефани Готлиб, сега проговори за сè коментирајќи го свршеничкиот прстен на Зендаја.

 

„Прстенот има дијамант од веројатно 5-6 карати“, напиша Стефани во видеото што го објави на „Инстаграм“.

 

„Ова навистина ѝ одговара. Класично е, но сепак уникатно и, дефинитивно, има кул женствена енергија“, заклучи Стефани.

 

Нејзиното видео им се допаднало на речиси три илјади луѓе, кои го коментирале и прстенот, кој наводно вреди 500.000 долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.