
Александра Пријовиќ чека девојче
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 27 Февруари 2025

Гласините кои изминативе денови кружеа низ српските медиуми сега се потврдија – Александра Пријовиќ чека девојче. Веста за Курир.рс ја потврдила нејзината пријателка Андреана.
„Среќна сум за Александра, апсолутно. Зборувавме пред некој ден, таа одеше кај мајка и. Многу сум среќна. Нејзината желба да има ќерка по синот ќи се исполни и тоа е најубавото нешто. Нека и се остварат сите желби. Таа и Филип се прекрасни и им посакувам се најдобро“, изјави Андреана.
Во јануари беше објавено дека Александра е бремена, по што најави пауза од кариерата. Таа претходно изјави дека сака да го прошири семејството, а голема желба и е да добие ќерка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
