Модна икона за која времето е застанато: Хајди Клум блеска и во шестата деценија

Поранешниот супермодел, сега успешна претприемачка и телевизиска ѕвезда, Хајди Клум, потврди дека времето за неа не постои.

 

 

И покрај тоа што влезе во шестата деценија, таа сè уште плени со својот сексапил, а изгледот на Хајди Клум, особено витата линија и заносната убавина, навистина не избледува.

 

 

Може да се каже дека модната писта е нејзиното природно живеалиште бидејќи секогаш кога ќе се појави на сцената, Хајди продолжува да предизвикува восхит во целиот свет.

 

Хајди Клум секако знае како да привлече внимание, а на неодамна одржаните 67. Греми-награди во Лос Анџелес со својот изглед ја остави публиката без здив.

 

Долгиот тесен фустан, украсен со впечатливи детали, одлично ја истакна нејзината беспрекорна фигура, а изгледот на Хајди Клум уште еднаш ги воодушеви присутните. Посебен акцент беше ставен на смелиот и целосно отворен горен дел од фустанот, кој го покажа совршено обликуваното деколте на оваа педесет и едногодишна жена.

 

Појавата на Хајди Клум во нејзините педесетти јасно дава поинаков увид во зрелоста, од која многу жени се плашат. Нејзиниот изглед, стил и волшебната харизма уште еднаш докажаа зошто ја носи титулата модна икона која продолжува да ги диктира трендовите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.