
(Видео) Дебакл на новото шоу на Меган Маркл, доби рејтинг два од десет
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 05 Март 2025

„Со Љубов, Меган“, новото лајфстајл шоу на Меган Маркл, дојде на Нетфликс на 4-ти март и веќе доби еден тон забелешки. Бројни медиуми веќе ги објавија своите критики за новиот потфат на Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари.
Сите осум епизоди на „Со љубов, Меган“ се објавени на Нетфликс, откако премиерата беше одложена поради пожарите во Лос Анџелес во јануари. Во секоја епизода, Маркл ги поканува познатите пријатели во нејзиниот дом. Во емисиите дава совети за готвење и домашни и градинарски работи. Некои од гостите во нејзиното шоу се актерката и писателка Минди Калинг, актерката Абигејл Спенсер и спортистката и инфлуенсер Делфина Блакиер.
Оценките засега се дост лоши. Серијата е оценета со 2,4 од 10 на „ИМДБ“, а има оценка од 33 отсто на „Ротен Томатос“. Британските медиуми особено го критикуваа шоуто. Независната критичарка Кејти Росеински му даде на шоуто една ѕвезда од можни пет. Таа го нарече шоуто „измачувачко и исцрпувачко“.
Критичарот на Гардијан, Стјуарт Херитиџ, го нарече шоуто невкусно и „трето последователно разочарување“ што Меган и Хари го продуцираа за Нетфликс.
Британскиот весник „Тајмс“ во рецензија со две ѕвезди објави дека Маркл е талентирана за креативно претставување, но го критикуваше „очајниот оптимизам“ на серијата и ја критикуваше Маркл што „го претставува своето екстремно богатство и неверојатно ексклузивен начин на живот како да е достапен за секого“.
Телеграф, кој го оцени шоуто со 2/5 ѕвезди, во својата рецензија споменува нарцизам.
„Меган ги кани луѓето во својата лажна куќа и тие и кажуваат колку е неверојатно. Ова се случува во сите осум епизоди“, напишала критичарката Анита Синг. Инаку, Меган за снимањето изнајмила куќа вредна осум милиони долари.
Некои публикации беа помалку остри во нивните критики, вклучувајќи го и „Вог“, кој рече дека аранжирањето и готвењето на Меган биле интересни и ја покажале нејзината страст.
Харперс Базар соопшти дека шоуто покажува како Маркл се враќа „на своите корени“, мислејќи на нејзиниот блог за начин на живот The Tig, кој го водеше од 2014 до 2017 година.
Сепак, има и позитивни коментари од некои следачи.
„Со љубов, Меган е совршеното мало бегство од превирањата што се случуваат во светот. Браво, Меган“,
„Го гледам шоуто, каков прекрасен живот има“,
„Таа е толку шармантна и елегантна“,
„За сите негативни критики од медиумите: Ова е шоу за готвење и стил на живеење, зошто сте толку глупави?“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
