
(Видео) Стара снимка на која Де Ниро го пцуе Трамп повторно стана вирална по „Оскарите“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 06 Март 2025

Овогодинешните Оскари донесоа голем број вирални моменти, од бакнежот на Хали Бери и Адриен Броди до шоуто на Адам Сендлер.
На Икс се шири вирална објава во која некој тврди дека Роберт Де Ниро го пцуе Трамп на овогодинешните Оскари. На видеото се гледа како Де Ниро се приближува до микрофон на сцената и и се обраќа на публиката.
Публиката тие зборови ги поздрави со овации, на што Де Ниро ги крена двете раце во воздух. Корисничката на Икс која ја сподели објавата со видеото напиша дека и е „заситена од Холивуд“ и ги повика другите да се согласат со неа.
Сепак, таа приказна е лажна. Всушност, ако погледнете внимателно, јасно е дека Де Ниро всушност ги кажал овие зборови на Тони наградите, а не на Оскарите.
Де Ниро ја изговори оваа пцовка во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп. Но, и покрај ова, некои поддржувачи на Трамп сепак паднаа на измамата, додека други напишаа дека пораката што актерот ја испрати „сè уште стои“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
