
(Видео) Кејт Мос снимена на Модната недела во Париз, ги загрижи фановите: „Очигледно не е добро“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 13 Март 2025

Кејт Мос ги загрижи обожавателите откако видеото снимено на модната недела во Париз стана вирално на социјалните мрежи.
51-годишната поранешна манекенка и супермодел се појави на ревијата на Изабел Марант за есен 2025 година.
Во видеото споделено од модните медиуми, вклучително и списанието „Ел“ и „Луис Магазин“, Кејт се гледа како се лула напред-назад на столот додека разговара со други гости и позира за фотографите.
Обожавателите напишаа на социјалните мрежи дека се загрижени за неа поради нејзиниот „вознемирен“ изглед.
„Чувствувам вознемиреност само што ја гледам“, „Се чувствувам тажно секогаш кога ќе ја видам вака“ и „Зошто го објавија ова? На Кејт очигледно не и е добро. Сè уште е убава, но…“ се дел од коментарите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
