3.000 сончеви часа годишно: европска дестинација прогласена за најевтина за 2025 година

Патниците со ограничен буџет што сакаат да ја истражат Португалија треба да размислат да се упатат кон одредена дестинација во регионот Алгарве. Овој регион е познат по своите златни плажи и прекрасното крајбрежје, а неодамна беше прогласен за еден од најевтините области за посета, пишува „Евроњуз“.

 

Португалски регион Алгарве е рангиран како најевтина дестинација меѓу 15-те европски одредишта вклучени во студијата надминувајќи ги дури и Турција и Бугарија.

 

Во извештајот се наведува дека Алгарве има најевтино кафе од сите анализирани дестинации – од 0,88 фунти (1,05 евро), како и вино од 1,76 фунта (2,10 евра). Постои еден крајбрежен град во регионот што патниците треба да го посетат за да го искусат најдоброто што Алгарве може да го понуди.

 

Фаро – една од најсончевите дестинации во Европа

Фаро е главен град на португалскиот регион Алгарве, но често неправедно се сведува на статус на порта кон попопуларните португалски дестинации. Тој е административен средиштен град и исто така област (Distrito de Faro). Областа Фаро го опфаќа целиот Алгарве, вклучувајќи ги градовите Албуфеира, една од најпопуларните туристички дестинации во регионот, како и Лулеа, Лагос, Портимао и многу други.

Сепак, покрај тоа што нуди пониски цени во споредба со другите туристички центри, Фаро се издвојува по богатството на плажите и историската архитектура.

Може да се пофали со повеќе од 3.000 сончеви часа годишно и се смета за една од најсончевите дестинации во Европа. Доцната пролет носи пријатни температури од 18 до 24°C, а во летните месеци просечни температури меѓу 24 и 30°C, што се совршени услови за сончање на една од повеќе од 100-те плажи што ги нуди градот.

 

Плажа долга пет километри

Најпознатата плажа во градот е плажата Фаро, која се протега на пет километри со фин златен песок. Плажата е опремена со сите модерни удобности, вклучително и лежалки и чадори за изнајмување. Сепак, треба да се има предвид дека може да биде многу зафатено во текот на летните месеци.

За оние што бараат плажа што нуди малку повеќе мир, тука е Анкао, идеална за бегство од метежот и нуди еднакво мек песок и кристално чиста вода. Сепак, таму нема ресторани или кафулиња, па затоа е важно да понесете грицки и сѐ што ви е потребно за да уживате на морскиот брег. Во близина е природниот парк „Риа Формоза“ за оние што сакаат малку да пешачат, кој ги крие уникатната вегетација и дивиот свет во областа.

За патниците што сакаат да навлезат подлабоко во фауната на областа, патувањата со брод за набљудување птици во природната лагуна Риа Формоза се задолжителна активност. Риа Формоза е позната крајбрежна лагуна во регионот Алгарве, а чамците на соларна енергија редовно тргнуваат од Фаро давајќи им можност на стручните биолози и на набљудувачите аматери на птиците одблиску да ги видат белите штркови.

 

Стариот град Фаро

Кога ќе се заситите со песок, море и авантури, одете во стариот град Фаро за да уживате во средновековната архитектура. Поголемиот дел од стариот град е пешачка зона за зачувување на калдрмата и архитектурата од 18 век.

Иако земјотресот од 1755 година уништил други делови на Фаро, стариот град останал релативно недопрен. Патниците сè уште може да ја видат познатата бискупска палата со бели ѕидови, првично од 16 век, која беше отворена за јавноста само во 2019 година. Палатата се наоѓа на главниот градски плоштад Ларго да Се, каде што посетителите може да ги видат и ренесансната катедрала „Фаро“ и градското собрание.

 

Кога да го посетите Фаро за најдобро искуство и пониски цени?
Врвната сезона во Фаро е од јуни до август, но цените се попристапни во пролет. Посетата надвор од екот на сезоната им овозможува на патниците подобро да ги искусат природните и културните убавини на овој град





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.