Болничар допирал малолетничка која била на пракса во болницата во Штип

Вчера во 17.05 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Ј.(60) од Штип.

 

Тој се сомничи дека на работното место болничар во Клиничка болница Штип допирал по телото малолетничка од Радовиш, која била на пракса во болницата.

 

Тој е задржан во полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител.

 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.