
(Фото) Педро Паскал и Џенифер Анистон се во врска?
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 25 Март 2025

Актерката Џенифер Анистон (56) во саботата вечерта е видена во друштво на актерот Педро Паскал (49) откако поминале три часа на вечера во хотелот Сансет Тауер.
Анистон за оваа пригода носеше црни фармерки, бела маичка, црн елек и чизми на потпетици, додека Паскал беше облечен во црна јакна и фармерки.
Иако пристигнале одделно на вечера, нешто по 20 часот, а исто така одделно го напуштиле ресторанот околу половина час пред полноќ, тие биле фотографирани како разговараат непосредно пред да се разделат, а фотографиите ги објави Дејли Мејл.
Нивната средба доаѓа по гласините дека Педро Паскал би можел да добие улога во серијата на Анистон The Morning Show.
На црвениот тепих на доделувањето на Critics Choice Awards, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун јавно го поканија Паскал да се придружи на актерската екипа во четвртата сезона на популарната серија. „Дали сакате да бидете дел од серијата? Праша Анистон, додека Витерспун додаде: „Чекај, ние всушност имаме навистина добра улога за него“
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
