
По гласините за откажана венчавка, Сидни Свини беше фотографирана без вереничкиот прстен
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 04 Април 2025

Сè уште траат гласините за љубовниот живот на Сидни Свини. Ги засили и самата актерка која се фотографираше без вереничкиот прстен.
Свини дојде да го промовира козметичкиот бренд Laneige во Лос Анџелес. Фактот што таа не носеше прстен ги засили наводите не само за откажана свадба, туку и за нова врска.
Ова не е прв пат актерката да се појави во јавноста без овој моден додаток. Претходно таа сподели серија фотографии од плажа, на кои исто така не носеше веренички прстен.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
