
По разводот, Џесика Алба објави фотографии од одмор, ужива на Хаваи
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 07 Април 2025

Џесика Алба на Инстаграм објави фотографии од семеен одмор. Уживаше со трите деца кои ги доби со Кеш Ворен, од кого се разведува по 17 години брак.
Иако не откри каде се, фановите анализирајќи ги фотографиите заклучија дека актерката се одмара на островот Кауаи на Хаваите.
Покрај фотографиите, таа објави и видеа на кои се гледа дека на одмор покрај децата и се придружиле и некои нејзини пријатели.
Алба го потврди разводот со Кеш Ворен на 16 јануари на социјалните мрежи. Гласините за нивното разделување се појавија една недела порано, а актерката во објава на Инстаграм рече дека е „на патување на себеоткривање со години – и како поединец и со Кеш“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
