Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:

· од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кумановска во населба 11-ти Октомври, Oпштина Кисела Вода;

· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од нас. Момин Поток , поточно објектите во околината на зградата на МОТОЦЕНТАР, Oпштина Карпош;

· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Бутелска – Крак бр.2 и Крак бр. 6, Oпштина Бутел;

· од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од улиците: Горно Лисиче и Лисец, Oпштина Аеродром;

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Добридол, место викано Садиње, поточно после Дом за стари лица – Панорама, Oпштина Сопиште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.