Калиопи воодушеви во „Лисински“, гости ѝ беа Влатко Стефановски и Жељко Самарџиќ

Македонската музичка дива Калиопи во саботата одржа концерт во загрепската концертна сала Ватрослав Лисински.

 

 Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.

Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како миг“, изјави Калиопи по концертот.

 

Како специјални гости на изненадување, на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната „Калеш Анѓо“ и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа „Знам“, нивниот регионално познат дует.

 

Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит „Црно и бело“, а на вториот легендарниот евергрин „Бато“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.