
Сопственичката на најжешките облини никогаш не стапнала во сала за вежбање, но ова не го прескокнува
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 08 Април 2025

Славната Салма Хајек со децении плени со својот изглед и со харизмата, а поради својата директност, на многумина им е омилена личност кога е Холивуд во прашање.
Салма воодушевува секојпат со модно издание, како и сега на свечената церемонија во Санта Моника, која собра многубројни ѕвезди, меѓу кои и Кејт Хадсон…
За оваа пригода Салма избра едноставна црна облека, која одлично ја истакна нејзината линија и уште еднаш нѐ потсети дека не се грижи за денешните стандарди.
Таа го прослави својот 58. роденден и изгледа барем една деценија помлада, но никогаш не ја криела својата тајна.
„Никогаш не сум на диета, не сум добра за нив. Не сум слаба девојка. Секогаш сум на работ да бидам дебелка, но секогаш сум задоволна“, рекла таа еднаш за својата веб-страница, на која се продаваат здрави сокови.
Интересно е и тоа што Салма никогаш не тренира, единственото нешто што ѝ помага е јогата.
„Некои луѓе се доволно дисциплинирани за да вежбаат наутро, но јас никогаш не успеав да го развијам тоа. Работам со жена во Лондон, која ме научи како да се држам на начин што ги одржува мускулите активни цел ден. Така, дури и кога ги миеш забите, ги работиш мускулите. Тоа е ресторативна јога“, открила актерката.
А она што ретко кој од нас ќе го имплементира, по цена и на каков било изглед, е експериментирање со храна или поточно – бубачки. Салма го прави тоа.
„Морате да ги пржите. Сè што е пржено има добар вкус, но овие се навистина вкусни. Тие бубачки се неверојатни“, рече Салма
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
