
Се појавија нови фотографии од Бела Хадид, луѓето шокирани
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 14 Април 2025

Манекенката Бела Хадид предизвика лавина загриженост кај своите следбеници.
Фотографирана е во Париз на снимањето на серијата The Beauty, а нејзината вита линија стана предмет на дискусија на социјалните мрежи.
„Еве што се случува кога мајка ти ќе ти каже да изедеш неколку бадеми ако си гладен“, „Не можам да го пребродам новиот моден циклус на изгладнети тела и ниски фармерки“, „Можеш да ѝ ги видиш ребрата, изгледа болно“, „Не сакам да звучам злобно, но овие фотографии се загрижувачки“, „Таа е премногу слаба“, „Овие фотографии се вознемирувачки“, се дел од коментарите на „Инстаграм“.
Многумина спомнаа и нарушувања, како анорексија, или дури и зависност.
„Изгледаше како да закрепнала, што се случи?“, „Не смееме да го нормализираме ова“, „Ми здодеаа овие шетачки реклами за нарушувања во исхраната“, „Нема ништо здраво кај неа“, „Ова е веќе клинички случај“, коментираат тие
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
