Ким Кардашијан на суд во Париз, првпат се соочи со напаѓачите

мериканската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан денес сведочеше на судењето во Париз во случајот со грабежот од 2016 година, во кој ѝ беше украден накит вреден шест милиони долари.

 

Грабежот се случи во Париз за време на „Фешн вик“, а беше украден нејзиниот накит, вклучувајќи и дијамантски прстен од 4 милиони долари што ѝ го дал поранешниот сопруг Канје Вест.

 

Кардашијан, повремено во солзи, рече дека дошла во француската престолнина за Модната недела и дека Париз е место што отсекогаш го сакала и каде што се чувствувала безбедно, објави Ројтерс.

 

„Се разбудив околу три часот наутро и слушнав чекори по скалите. Ја повикав сестра ми и еден пријател, но никој не се јави“, рекла таа, додавајќи дека неколку луѓе во полициски униформи влегле во нејзината спална соба.

 

Кардашијан рекла дека била многу збунета и зашеметена, обидувајќи се да сфати што се случува, а потоа еден од мажите рекол на англиски со акцент – „Ринг, прстен!“

 

„Бев во шок и на почетокот помислив дека е некаков терористички напад, и не сфатив веднаш дека го сакаат мојот накит“, рекла таа.

 

Таа додаде дека напаѓачите потоа ја фрлиле на креветот, дека била многу исплашена и хистерична, и постојано велела дека мора да се врати дома кај своите деца.

 

Според неа, еден од нив вперил пиштол кон неа и ја повлекол кон себе, па во тој момент помислила дека ќе ја силува, но за среќа само ја врзал.

 

Ова е прв пат Кардашијан да се соочи со осомничените за нападот и грабежот. Оосмничените се на возраст меѓу 60 и 70 години, објави АП.

 

Судењето започна минатиот месец и во него учествуваат десет обвинети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.