(Видео) Ричард Гир направи профил на „Инстаграм“, следи само четири лица

Ричард Гир креира профил на „Инстаграм“. 75-годишниот актер објави видео на „Инстаграм“ и им се обрати на своите обожаватели.

 

Видеото: https://www.instagram.com/reel/DJjj-foMGn_/?utm_source=ig_embed&ig_rid=50e4bb9e-dbdb-4d7b-90ec-3083ded64da9

 

„Здраво на сите. Ова е кратка порака за да ве известам дека има многу лажни профили што го користат моето име или се преправаат дека се мои. Ве молам, игнорирајте ги сите други профили што тврдат дека се мои. Доколку сакате да ме контактирате или да ја следите мојата работа, единственото официјално место е преку Фондацијата ‘Гир’ на ‘Инстаграм’ – @gerefoundation. Ви благодарам за вашата поддршка и ве молам останете безбедни на интернет“, рече тој.

 

Профилот има бела ознака за верификација, што потврдува дека тоа е навистина неговиот профил. Освен обожавателите, го пречекаа и неговата сопруга Алехандра Силва, како и долгогодишниот пријател Антонио Бандерас, кој му напиша кратка порака: „Добредојде, пријателе мој!“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.