(Видео) Се огласи фронтменот на „Секс пистолс“ кој пееше дека кралицата не е човечко суштество, еве што порача по нејзината смрт

По повод смртта на кралицата Елизабета Втора, се огласија и членовите од популарната англиска рок група Sex Pistols.

„Почивај во мир, кралице Елизабета Втора. Испратете ја како победничка“, напиша Џон Лидон – фронтменот на групата на „Твитер“.

Групата стана позната по хитот од 1977 година, „Боже чувај ја кралицата“, God Save The Queen и таа беше една од најконтроверзните песни кои беа напишани воопшто за кралицата.

Во неа се тврди дека таа не е човечко суштество и се зборува за фашистички режим.

 

 

Фановите сега велат дека како времето минало, нивните чувства кон нејзиното Величество се ублажиле.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.